Македонија ќе ја зајакнува конкурентноста на економијата преку поддржување на инвестициите и надградба на технологијата во секторите: индустрија, агробизнис и трговска логистика и создавање услови за зголемување на флексибилноста на пазарот на трудот и капацитетот за иновации. За таа цел, побарани се и одобрени од Светска банка 36,4 милиони евра, но Македонија ќе ги добие по завршувањето на претседателските и парламентарните избори. Подобрувањето на конкурентноста и условите за развој на локалните компании е неопходно за Република Македонија да се стави на патеката на одржлив раст, да се создадат повеќе и подобри работни места и да се промовира заеднички просперитет, вели Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија.
Македонија ќе ја зајакнува конкурентноста на економијата преку поддржување на инвестициите и надградба на технологијата во секторите: индустрија, агробизнис и трговска логистика и создавање услови за зголемување на флексибилноста на пазарот на трудот и капацитетот за иновации. За таа цел, побарани се и одобрени од Светска банка 36,4 милиони евра, но Македонија ќе ги добие по завршувањето на претседателските и парламентарните избори.
- Подобрувањето на конкурентноста и условите за развој на локалните компании е неопходно за Република Македонија да се стави на патеката на одржлив раст, да се создадат повеќе и подобри работни места и да се промовира заеднички просперитет - вели Татјана Проскурјакова, директор на Канцеларијата на Светска банка во Република Македонија.
Реформите треба да поттикнат инвестиции и иновации во клучните сектори ориентирани кон извозот, кои имаат потенцијал да го зголемат долгорочниот раст и создавањето работни места во услови на се поконкурентна глобална економија.
Ќе се зголеми одржливоста и влијанието на владината програма за технолошките индустриски развојни зони, кои се важна алатка за привлекување странски инвестиции во производство што додава вредност и е извозно ориентирано.
- Во секторот агробизнис промоцијата на програмата за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост ќе доведе до подобро користење на земјишните ресурси и влез на нови странски и домашни фирми на пазарот. Во областа на трговската логистика ќе се подобри ефикасноста на контролите на трговијата со стоки. Со овие конкретни секторски политики беа воведени правни реформи за олеснување на сезонското вработување и за да им се овозможи на луѓето кои работат времено и понатаму да останат на списокот за социјална помош, што ќе ја подобри мотивацијата за формално работење и ќе придонесе за зголемување на флексибилноста на регулативите на пазарот на труд - велат од Светска банка.
Се воспоставува и Фонд за иновации и технолошки развој за поттикнување на иновативноста на приватниот сектор преку дотации за кофинансирање, како и други финансиски инструменти.
Според Џон Габриел Годард, виш економист во Секторот на Светска банка за развој на финансискиот и приватниот сектор во регионот на Европа и Централна Азија (ЕЦА) и лидер на проектниот тим, идниот раст во извозно ориентираното производство ќе зависи од привлекувањето инвестиции во сегментите со високо ниво на додадена вредност и побрза интеграција во глобалните синџири на снабдување.
Спроведувањето на реформите ќе биде потпомогнато со техничка помош во рамките на тригодишната Програма за поддршка на конкурентни индустрии и иновациии во Македонија со грант во износ од 1,6 милиони долари од страна на Фондот од повеќе донатори финансиран од владите на Австрија, Швајцарија, како и Европската комисија.